По невремето што вчера попладне го зафати пределот околу селото Љубаништа, веднаш на терен излегоа екипи на ЈП “Охридски комуналец” опремени со механизација.
Тие во соработка со екипи на ЈП “Македонија пат” интензивно работеа на расчистување на патниот правец Охрид – Св. Наум од наталожената земја. Нешто полноќ, патот е расчистен од наносите.
Реонот на Љубаништа вчера беше погоден од невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа лизгање на земјиштето на дел од патот Охрид – Св. Наум.
OhridNews