Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај коловозот од магистралниот пат Охрид-Битола, на потегот од селото Косел до месноста Прентов Мост.
Од јавното претпријатие потенцираат дека овие активности не се во рамки на нивните надлежности, но целта било да се излезе во пресрет на барањето на месната заедница Куратица.
При активностите подигнати се огромни количини отпад од пластична амбалажа, хартија, лименки и др.
OhridNews












