Расчистена уште една дива депонија во Охрид. Несовесните граѓани го злоупотребиле просторот од поранешната касарна каде го исфрлиле отпадот, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Денес беше расчистена дива депонија на просторот од поранешната касарна, каде беше расфрлан кабаст и зелен отпад и градежен шут. Во расчистувањето беа ангажирани два трактори, багер и двајца комунални работници, додаваат од претпријатието.

Воедно информираат дека се подигнати 16м3 отпад.

OhridNews