Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ во текот на денешниот ден спровеле акција за уредување на јавните површини селото Пештани. Бил расчистен потегот во центарот на селото и пристапните улици, а бил подигнат и натрупаниот и расфрлан отпад.

Исто така во рамки на акцијата биле подигнати и транспортирани големи количини на отпад од крајбрежјето, кој бил исфрлен од водите на Охридското Езеро.

OhridNews