Во рамки на активностите за расчистување на речните корита и канали во текот на месец октомври во општина Охрид, од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека расчистени се каналите во реонот на „Студенчишко Блато“, речното корито на река Грашница на потегот од „Булевар Туристичка“ до нејзиното влевање во Охридско Езеро и река Сушица од село Велгошти до населбата Црногорци.

– Активностите се спроведуваа континуирано подолг временски период, а поради непристапноста на теренот покрај машинското чистење, голем број вработени од „ Јавна Хигиена“ беа ангажирани и за рачно расчистување. Речните корита и каналите беа претрупани со пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки, па со нивно расчистување се овозможи  непречен проток на водата и минимизирање на можноста за поплавување на околното земјиште, велат од јавното претпријатие.

OhridNews