Од МВР информираат дека денес, во времето од 01,20 до 04,00 часот во Охрид на повеќе локации: на улиците „Гоце Делчев“, „Бистрица“ и „Н.П.Русински“, биле пријавени расфрлани летоци во врска со претседателските избори.
На 03.05.2019 година околу 10 часот во Охрид на улица „Радоичик“, на ѕидот до избирачкото место бр.1286, биле испишани графити во врска со претседателските избори. Графити во врска со претседателските избори, истиот ден, биле испишани и на избирачко место бр.1286.
OhridNews












