Манчестер Јунајтед се врати во игра за местата на табелата кои водат во Лигата на Шампиони победувајќи го Манчестер Сити со 1-0 во градската пресметка.


Херој на „црвените ѓаволи“ е Маркус Рашфорд кој во 10-та минута од мечот со дриблинг се ослободи од Демикелис, а ладнокрвно ја смести топката во мрежата.

 
Рашфорд се запиша во историјата на дерби средбите во Манчестер како најмлад стрелец во меѓусебните пресметки со 18 години 181 дена.


Резултат: Њукасл – Сандерленд 1-1, Саутемптон – Ливерпул 3-2, Тотенхем – Бурнмаут 3-0, Мен Сити – Мен Ју 0-1.

Табела: Лестер 66, Тотенхем 61, Арсенал 55, Мен Сити 51, Мен Ју 50, Вест Хем 50…

OhridNews