Тинејџерската сензација Маркус Рашфорд е херој на „црвените ѓаволи“ кои минимално (1-0) го совладаа Хул на гостински терен во третата рунда од Премиер лигата.


Манчестер Јунајтед се до 92-та минута не можеше да ја капитализира надмоќноста на теренот. Во судиското продолжение, Вејн Руни продре по левата страна, а нафрлувањето по земја во мрежата го спроведе Рашфорд, за голема радост на фудбалерите и навивачите на „КС“ стадионот.

 
Со овој триумф избраниците на Жозе Мурињо ја продолжија победничката серија во Премиер лигата и се изедначија со Челси на врвот од табелата.

OhridNews