Еден кинески бизнисмен ги наполнил насловните страни на кинеските медиуми откако својот расипан Ренџ Ровер го врзал за магариња кои го одвлечкале до овластениот сервисер. Автомобилот често му се расипувал и секои неколку месеци морал да го носи на поправка. Најпосле ми здодеало и ги ангажирал магарињата да му помогнат. Кај овластениот застапник за Ренџ Ровер побарал да му го вратат полниот износ кој го платил за возилото.


Откако го купил возилото пред една година му се расипало шест пати, а по неколку месеци морал да го промени целиот мотор. Кога автомобилот се расипал по седми пат, не му преостанало ништо друго освен да протестира. На возилото залепил протестна порака и со помош на магарињата го одвлечкал до сервисот. Иако неговата акција привлекла полно медиумско внимание, од Ровер го известиле дека не може да ги добие парите назад.