Леонардо ди Каприо и израелската популарна манекенка Бар Рафаели ја прекинале долгогодишната врска. Холивудскиот актер бил шест години во врска со дваесет и петгодишната манекенка, а според пишувањата на странските медиуми, причина за прекинувањето биле честите кавги.


Тие двајца и претходни имале проблеми во врската, па така пред две години се раздвоиле на неколку месеци. Започнале да се забавуваат 2006 година, а претходно Леонардо ди Каприо бил во врска со топ моделот Жизел Бундшен.