Ниту тренерската смена Зинедин Зидан за Рафа Бенитез не го донесе потребниот мир во соблекувалната од десеткратниот европскиот првак Реал Мадрид.


„Кралевите“ минуваат низ најтешкиот период последниве години, а и навивачите ја загубија довербата во фудбалерите и управата.

На дерби средбата со градскиот ривал Атлетико Мадрид кој „лос бланкос“ го загубија 1-0 навивачите јавно го прозиваа Флорентино Перез за лошите резултати во серија.

Лошата клима на Сантијаго Бернабеу трае од почетокот на сезонава, а ќе кулминира најверојатно со неколку отказни решенија.

Како што пренесуваат шпанските медиуми први на удар се Хамес Родригез и Иско кои имаа најслаби оценки на дуелот со Атлетико Мадрид.

Исто така меѓу фудбалерите кои по крајот на сезоната ќе заминат се споменува и Кристијано Роналдо, што ќе значи комплетен ремонт на екипата во следниот летен преоден рок.

OhridNews