Детскиот фестивал „Распеано рибарче“ годинава полни 27 години, а годинава ќе биде одржано 26-тото издание во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Оваа чудна пролет со снег, дожд ама и сонце е плодна на музичко – изведувачки план, ќе бидат изведени дури 33 нови детски песни, најавуваат организаторите.

Ќе има 38 изведувачи, а со балетските точки на сцената ќе продефилираат над 90 деца од нашиот убав Охрид. Во нив има нови детски фестивалски хитови кои ќе се слушаат и пеат на родендените, во градинките и училиштата. Уште еден доказ дека Фестивалот е вистински празник за градот. И дека Рибарчето е всушност е вистинското место на кое младите ќе го покажат својот талент а потоа ќе го насочат во креативна насока а некои дури и ќе влезат во музичките води, информираат организаторите.

Приредбата во вторник, 6 мај, ќе започне во 19 часот и ќе биде отворена за сите заинтересирани. Влезниците ќе можат да се купат на благајната на салата пред почетокот на фестивалот.

И годинава покровител на фестивалот е Општина Охрид.

OhridNews