На денешната прес-конференција министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, информираше дека може да се пријават оние што учествувале или настапиле на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали, што учествувале на меѓународен проект и манифестација надвор од Република Македонија како национален претставник или учествувале или настапиле на меѓународен проект и манифестација надвор од Македонија каде што изборот на учесниците се објавува со конкурс, аудиција или селекција.
За оваа намена се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Република Македонија за 2013 година, а надоместот за творечки дејности е во еднократен бруто-износ од 30 илјади денари по наставник/соработник. Ристовски потенцираше дека бројот на субвенции не е ограничен и ги повика сите заинтересирани да аплицираат.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потенцираше дека овој проект ја покажува комплементарноста меѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и афирмирањето на културата во светот.
Таа потсети дека Министерството за култура редовно во своите програми од национален интерес дава поддршка на проекти зад кои стојат професори од уметничките факултети во Македонија.