Како што информираат од министерството за култура, од утре 1- ви јуни, почнува рокот за испраќање на иницијативите на годинешниот конкурс за доделување на државната награда “ Св. Климент Охридски “ , со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност, а се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Паричниот износ на државната награда “Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија, исплатени во последните три месеци во тековната година.

Државната награда “Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година, а во една година може да се доделат најмногу до пет награди.

Иницијатива за доделување на државната награда “Св. Климент Охридски”, до министерството за култура, може да ја поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот трае до 30 јуни 2013 година.

OhridNews