Министерството за култура го распиша конкурсот за организација на манифестацијата „Град на културата во 2011 година“.

Целта на проектот е  создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2011 година за што се обезбедени средства од Буџетот на Република Македонија, информираат од Министерството за култура.

На Конкурсот може да учествуваат сите општини во Република Македонија. Тие до министертството треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција, како и презентација на актуелните културни вредности.

Општина Охрид која неколку години учествува на конкурсот, во минатото изрази сериозни забелешки дека селекцијата  на градовите на културата се врши политички, што беше отфрлено од страна на министерството, според кое изборот се врши исклучиво врз основа на понудената програма на културни активности.

OhridNews