Министерството за култура распиша јавен конкурс за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“ на кој по скратена постапка ќе се бира нов директор на оваа установа.

Кандидатите за избор на директор, покрај општите услови утврдени со закон, високото образование, познавањето на еден светски јазик и работно искуство од една до пет години, треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2012-2016).

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Распишувањето на конкурсот следува по поднесената неотповиклива оставка на Васко Василески, по што привремено за ВД директор беше назначена Анита Алоска, од редовите на вработените во установата.