Оваа година фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе го прослави својот 20 годишен јубилеј. Фестивалот кој е поделен во пет вечери, ќе се оддржи на крајот од август на сцената во Долни Сарај, а веќе е распишан конкурсот за нови песни.

На конкурсот можат да учествуваат сите автори, кои до 15-ти мај ќе ги испратат своите песни на електронските меилови на фестивалот, на кој што треба да биде прикачена демо аудио снимка, текстот на песната и по две фотографии од авторите, односно интерпретароите, потоа предлог на авторите, како телефонски и електронски контакти.
За интернационалната вечер, можат да се пријават сите светски автори, чии песни премиерно се изведени во 2013-та година.
OhridNews











