Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца.
Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2026 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта [email protected]. Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот, информираат од Здружението.
Добитниците на наградите ќе бидат објавени на настанот посветен на Тоде Илиевски, кој ќе се одржи на 7 март 2026 година во Охрид, додека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат објавени во електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“.
Во една песна за деца напишана од Тоде Илиевски стои: „Иднината среќна во пресрет ни иде: / спектарот од бои пронајдок ќе биде.“ Во тој дух ја продолжуваме светлата мисија на поетот, посочуваат.
Минатата година наградите ги добија: прво место, Марија Бошковска за „Во една шума чудесно чудна“, второ место Светлана Котевска за „Бунт на природата“ и трето место Ружица Денковска за „Градинарска судница“.
Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.
Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук-страницата на „Креативна верига“, а конкурсот е достапен на линкот.
OhridNews












