Распишан конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ 2012. Со оваа награда се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата, а под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. Наградата се доделува, по правило, секоја година, а во една година може да се доделат најмногу до две награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Конкурсот започнува утре и ќе трае до 30 април 2012 година.












