Општина Охрид го распиша годинeшниот конкурс за наградата најдобар расказ „Живко Чинго“ што се доделува во чест на големиот македонски писател, романсиер и раскажувач.
На конкурсот можат да учествува секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а шифрираните трудови во печатена форма, во три примероци да се достават на адреса – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 со дознака „За конкусот за расказ“.
Краен рок за доставување на трудовите е 20-ти јули 2014 година, а резултатите ќе бидат објавени на 31-ви јули 2014 година. Наградата во висина од 30 илјади денари на авторот ќе му биде врачена на 13-ти август во рамки на културната манифестација „Вечер на Чинго” што Општина Охрид ја организира во селото Велгошти, родното место на Чинго.
OhridNews