Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници донесена на 55-та седница на Советот на Општина Охрид, општина Охрид објави јавен оглас за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски линиски превоз на патници.

Предмет на добивање на дозволи се  13 пакет линии утврдени по релација и време на поаѓање за период од 01.07.2013 до 31.08.2013 година.

Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен оглас за дополнителен сезонски линиски превоз на патници во Општина Охрид, најдоцна до 12.06.2013 година до 12:00 часот.Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 14.06.2013 година во 12:00  часот.

Секој регистриран правен субјект може да добие најмногу 2 пакет линии.

Потребните документи, заинтересираните можат да ги набават секој работен ден во просториите на одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот.

OhridNews