
Како што информираат од министерството за образование, на огласот може да се пријават сите студенти кои на претходните два огласи биле одбиени поради која било причина. Документацијата која била валидна и претходно доставена при пријавувањето на првите два огласи се уште важи, а потребно е само да се дополнат документите за кои им било посочено дека се причина што не добиле место во студентски дом.
Огласот нема одвоена категоризација и важи за сите студенти од прва до шеста година, зависно од видот на студиите.
Во моментов се слободни уште 1232 легла во студентските домови во земјава.
OhridNews












