Вчера, 26 јули 2017 година, во 21 часот Апелацискиот суд во Скопје до Министерството за внатрешни работи достави наредби за спроведување на Горан Грујовски и Никола Бошковски во Истражниот затвор „Скопје“. Иако телефонски Судот во 17 часот го извести МВР дека ќе бидат испратени наредбите, тоа се случи дури во 21 часот кога МВР можеше да постапи во согласност со своите законски овластувања.

Веднаш беше распишана национална потерница со која се спроведоа активности за приведување на осомничените. Тимовите на Министерството извршија проверка на објектите на адресите што се пријавени како места на живеење на осомничените и проверки на повеќе локации на територијата на Република Македонија, поточно во Скопје, Велес и Охрид, за кои имаше оперативни сознанија дека осомничените ги користат за криење. Со оглед на тоа дека не беа пронајдени, МВР, во согласност со законските надлежности, побара од Судот согласност за распишување меѓународна потерница и по наредба на Судот веќе е распишана за двајцата обвинети во случајот „Тврдина – Таргет“ на СЈО.

OhridNews
Макфакс