По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува  Конкурс за  доделување општинска  награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Наградата,  се  доделува за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира. Наградата Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.     

По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија  распишува Конкурс за  доделување Повелба – Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2017 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во  Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања  се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.

Двата конкурса ќе траат до 30 – ти ноември 2017 година. Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

OhridNews