По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето, а во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.
По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.
OhridNews












