На 13.09.2020 година во 03.20 часот, во струшкото село Радожда, нарушен е јавниот ред и мир со гласна музика, пеење и користење музички инструменти од страна на две лица од истото село, информира СВР Охрид. Pротив нив, ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Истата ноќ во 04 часот, во Вевчани, четири млади лица, од кои едното малолетно, сите од Вевчани, го нарушиле јавниот ред и мир со гласна музика. И против нив ќе биде поднесена прекршочна пријава, информира полицијата.
OhridNews.