По повод трет ден Велигден, со почеток во 7.30 часот, утре, во сите цркви ќе се одржи утрена со Златоустова литургија. За Варош, литургија ќе се одржи во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“.

Архиерејска литургија во црквата „Св. Ѓорѓи“  Струга, ќе се одржи со почеток во 16 часот.

 На Светли четврток, 9- ти мај, Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

На 10- ти мај, Источен петок- Балаклија, Архиерејска литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

На 12- ти мај, Томина недела, Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Никола“ – Долна Маала, со почеток во 9.00 часот.

OhridNews