Од Дебарско кичевската епархија информираат за распоредот на богослужбите за велигденските празници. На 1-ви април, недела, за празникот Цветници, во црквата Св.Богородица каменско со почеток во 17 часот ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие.

На 2-ри април, Велики понеделник, со почеток во 7 часот во истата црква, Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие, а во 17 часот                        
Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие.

На 3-ти април, Велики вторник, во црквата Каменско со почеток во 7 часот ќе се одржи Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие, а вечерта во 17 часот, Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие.

На Велика среда, утрото во црквата Каменско со почеток во 7 часот Часови и Преждеосвештена литургија-едноцрквие, а во 17 часот ќе има Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews