По повод празаникот Цветници, утре, со почеток во 17 часот, во црквата Света Богородица- Каменско ќе се одржи Бдение со „Последование на Женихот“.   

18.04.2011 – ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК
НАУТРО: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.
ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.   


19.04.2011 – ВЕЛИКИ ВТОРНИК
НАУТРО: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 ч.
ВЕЧЕРТА Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

20.04.2011 – ВЕЛИКА СРЕДА
НАУТРО: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.
ВЕЧЕРТА Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

21.04.2011 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК
НАУТРО: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Охрид, со почеток во 7 часот, а богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

22.04.2011 – ВЕЛИКИ ПЕТОК
НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.
Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Света Богородица“ – Каменско.
ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 часот.
Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Свети Петар и Павле“ – Кичево.

23.04.2011 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.
24.04.2011 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

24.04.2011 – ВЕЛИГДЕН
Вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие во црквата „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 17 часот.
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.

OhridNews