Од Дебарско-кичевската епархија информираат за распоредот на богослужбите за велигденските празници.

Утре, 12-ти април, Велика среда, со почеток во 7 часот ќе има Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во  црквата „Св.Богородица“- Каменско. Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид ќе започне во 17 часот.

На Велики четрток, Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, ќе се одржи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 7 часот.
Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Вечерта Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18.30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Георги“ – Струга.

На Велики петок наутро, Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Вечерта „Оплакување и опело на Христа“, почеток во 19 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид.

На Велика сабота наутро ќе има Вечерна со Василиева литургија во црквите „Св.Богородица“- Каменско и „Св. вмч. Ѓорѓи“, со почеток во 8.30 часот. Воскресна богослужба ќе има во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник,со почеток во 23.30 часот.

OhridNews