Утре, Велики Четврток, со почеток во 7 часот, во сите парохиски цркви ќе се одржи Утрена со Василиева литургија со општ маслосвет. Вечерта, со почеток во 18.30 часот, Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите парохиски цркви.

На Велики Петок, утрото во 7 часот, Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница. Вечерта, во 19 часот, „Оплакување и опело на Христа“.

На Велика Сабота, Благовештение, наутро во 8.30 часот Василиева литургија во сите парохиски цркви. Вечерта по повод Воскресението Христово ќе има Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.

OhridNews