Од Дебарско- кичевската епархија информираат околу распоредот на богослужбите по повод Велгиденските празници.

Во понеделник, во црквата Св. Богородица- Каменско ќе се одржи часови Преждеосвештена литургија, едноцрквие со  почеток во 7 часот. Во истата црква, вечерта, со почеток во 17 часот, ќе се одржи бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие.
  
На Велики вторник, со почеток во 7 часот, во црквата Каменско, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие. Вечерта во 17 часот, бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие.

На Велика среда, Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот. Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

На Велики четврток, наутро, утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во манастирот Плаошник, со почеток во 7 часот. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Вечерта, бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

Велики петок, наутро,  Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско. Вечерта, „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.

Велика сабота, Воскресение Христово, утрена со Василиева Литургија во црквата „Св. Богоридица“ – Каменско, со почеток во 7.30 часот.  Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот. Наутро: Втора литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско и во црквата Св. Ѓорѓи Горна влашка маала со почеток во 8.00 часот.

На Велигден, 5- ти мај, Вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие во црквата „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 17 часот. Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.

OhridNews