Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат православните верници дека по повод Трет ден Велигден, во вторник на 3-ти мај 2016 година ќе има Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. Во населбата Варош литургија ќе има во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“.
Архиерејска литургија-едноцрквие ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео со почеток во 9.00 часот, a Утрена со Златоустова литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“ со почеток во 7.30 часот.
По повод Светли четврток на 5-ти мај 2016 godina ќе има Архиерејска литургија-едноцрквие во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео со почеток во 9.00 часот.
По повод Источен петок-Балаклија и Свети Великомаченик Ѓорѓи-Ѓурѓовден на 6-ти мај 2016 година, утрена со Златоустова литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“ со почеток во 7.30 часот.
OhridNews












