Новата сезона во двете Втори македонски фудбалски лиги запад и исток ќе стартува на 22 август. Куќата на фудбалот (ФФМ) по тој повод изврши ждрепка за првата рунда од новата сезона и комплениот распоред.

„Рибарите“ на стартот од сезоната ќе се сретнат со аспирантот за висок пласман Гостивар. Дуелот се игра на Градскиот стадион во Гостивар. Охриѓани, премиера на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе имаат против тимот на Велешта во втората рунда од шампионатот.

Во третата рунда гостува кај Дрита, а во четвртата го пречекува составот на Скопје. До крајот на првиот круг Охрид силите ќе ги одмери со Велазерими, Кадино и Кораб на гостински терен, а на домашен ги пречекува Вардар Форино и Лабуништа (Тетекс).

Распоред:

1.рунда Гостивар – Охрид

2.рунда Охрид – Велешта

3.рунда Дрита – Охрид

4.рунда Охрид – Скопје

5.рунда Велазерими – Охрид

6.рунда Охрид – Вардар Форино

7.рунда Кадино – Охрид

8.рунда Кораб – Охрид

9.рунда Охрид – Лабуништа (Тетекс)

OhridNews