
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 12,3 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 14,3 проценти.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е помал за 8,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија поголем за 6,9 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во април 2014 година, во однос на април 2013 година, има пораст кај Капитални производи за 35,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 93,2 отсто и Трајните производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто.
Прометот во индустријата во април во однос на март годинава е помал за 0,1 отсто, а во периодот јануари-април 2014 година, во однос на периодот јануари-април во 2013 година, има раст од 9,9 проценти.
OhridNews












