Расте бројот на корисници на дроги но и на оние кои стануваат свесни за својата состојба
18.08.12 07:00
Бројот на корисници на опојни дроги во Охрид е значително поголем во однос на лани.
Охридската полиција регистрирала 383 лица нарко зависници, но реалната бројка е многу поголема од официјално регистрираните. Оваа бројка не се поклопува со корисниците згрижени во Дневниот Центар при Центарот за Социјални грижи .
-Во дневниот центар се згрижени 304 лица од кои што корисници на дроги се 177 а останатите се членови на семејствата односно родителите или сопруги на корисниците на дроги, вели психологот во институцијата Жанета Никовска- Стојковска.
Со корисниците на дроги згрижени во Дневниот Центар, во процесот на нивната рехабилитација работи стручен тим . Целта на сите активности е да се направат промени во личното, семејното и социјалното функционирање на корисниците на дроги.
– Ние мора да направиме позитивни промени во навиките и однесувањето на корисниците како и зголемување на периодот на апстиненција со што и би се намалил криминалитетот кај истите, истакнува Никовска -Стојковска
Дневниот Центар за корисниците на опојни дроги е лоциран во непосредна близина на Центарот за социјални грижи. “Така ќе биде и во иднина“, децидни од ресорното министерство. На прашањето дали се размислува овој дневен центар да се премести на друго ненаселено место со оглед на тоа што жителите на тој простор со петиции години наназад бараат негово преместување, од Министерството за труд и социјала со одговор дека “Проблемот со наркозависниците е реален проблем и сите треба да се соочиме со него за да го решиме, а не да бегаме од него“.
Променливо облачно и студено со сончеви периоди Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег Ќе дува умерен, нам...
Националниот парк Галичица препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина, е честа дестинација на љубителите на планината Најпосетена е во топлите месеци, но планинарите и ал...
Сончевото време на првиот ден од Новата година и покрај ниските температури, ги наполни шеталиштата во Охрид По прославата на новата година на која неизбежна е богатата трпеза, охриѓани и бројните ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.