Според последните податоци од Институтот за јавно здравје за состојба со грип во државата, во текот на петтата недела, од 28.1.до 03.02.2013 се пријавени вкупно 1.869 лица со симптоми на грип, што претставува мало зголемување од 9 проценти, во однос на бројот на заболени во претходната недела.

Инаку, од почетокот на сезоната на грип до сега се пријавени 5.343 лица со симптоми на грип.

Најголем број од заболените се од Скопје-1.079, Струмица-730, Гостивар-661, Тетово-619 и помал број во останатите градови, додека во Берово и Виница немаат пријавено случај со грип.

Минатата недела лабораториски биле тестирани вкупно 26 примероци од заболени лица сомнителни на грип, од кои 15 се позитивни на инфлуенца тип А (14 со А Х1Н1 и еден е нетипизиран),  а 2 примероци биле позитивни на инфлуенца тип Б.
Општ впечаток е дека доминира типот на грип А Х1Н1, слично како и во најголем дел од останатите земји во Европскиот регион. И понатаму се регистрира пораст на активноста на вирусот на грип и по интензитет и по распростанетост, односно продолжува да расте бројот на заболени со симптоми на  грип. Се предвидува порастот на активноста на вирусот на грип да трае и во наредните две до три недели.

Во моментов на Инфективната клиника има тројца пациенти (на возраст од 36 до 56 години) со потешка клиничка слика, кои се лекуваат на одделението за интензивна нега и се во групата пациенти со ризик или со претходни хронични заболувања.

OhridNews