Во текот на  осмата недела од 2012 година во земјата се регистрирани 599 ново заболени лица од грип, што претставува пораст на заболувањата за 23% во однос на 540-те заболени во претходната недела, пренесува „Макфакс“.

Како што информираат од Министерството за здравство, повеќе од половината од нив се на возраст од 15-64 години.

Засега вкупниот број на заболени од грип во Македонија изнесува 3.752 лица.

OhridNews
извор: „Макфакс“