
Во пожарите во Австралија изгореа над 700 домови. Пожарите го зафатија густо населениот југоисток на земјата, а за нивното ширење придонесуваат и рекордно високите температури (околу 44 степени Целзиусови), какви што не се забележани во последните 100 години, како и силен ветер.
Во гасењето на пожарите учествуваат илјадници пожарникари, авиони и друга механизација, а владата во Камбера нареди војската да биде во состојба на готовност. Пожар од вакви размери Австралија последен пат ја зафатил во 1983 година кога загинаа 75 луѓе.












