Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во септември во однос на претходниот месец, бележи раст од 1.1 отсто, а трошоците на животот се зголемил 1.4 проценти.

Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 11.1%, јајцата за 10.8%, мастите за 10.4%, преработениот зеленчук за 0.8%, месото и преработките од риба за 2.7%, рибата за 0.8%, млечните преработки за 0.6%, производите од жито и свежото и киселото млеко за 0.4%.

Во септември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за образование за 5.2%, течните горива и гасот за 4.8%, нафтените деривати за 4.3%, сообраќајните средства за 2.8%, обувките за 2.2%, лековите за 0.5%, средствата за образование за 0.4%, средствата за хигиена за 0.3% и облеката, деловите за сообраќајните средства и исхраната во ресторани и хотели за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 2.1% и преработките од месо за 0.5%. Во септември, исто така намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 6.5% и авионскиот превоз на патници за 2.3%.

Индексот на цените на мало во септември 2012 година, во споредба со септември 2011 година, бележи пораст од 4.7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 5.3%.

OhridNews