Португалскиот репрезентативец Фабио Коентрао го искажа незадоволството од малата минутажа на „Сантијаго Бернабеу“ и побара трансфер од управата на клубот.


Претходно, Сами Кедира и Чичарито изјавија дека се фрустрирани за нивното неиграње и исто така сакаат среќата да си ја побараат во друг клуб.

– Се надевав на поголема минутажа со новиот тренер, но од тоа нема ништо за сега и јас сум приморан да заминам бидејќи сакам да играм. – рече Коентрао.

Прв избор на левата бековска позиција е бразилскиот репрезентативец, Марсело, кој го потисна Коентрао иако за него „кралевите“ исплатија високи 30 милиони евра.

Мх.П.