Употребата на интернет и компјутери во Македонската бележи растечки тренд во сите општествени сектори.
Според податоците на Државниот завод за статистика во првото тримесечје од годинава 55 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет, што е за 8,9 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено на 42,1 проценти, а 58,9 проценти од вкупното население на возраст од 15 до 74 години компјутер, додека интернет 56,7 отсто.












