Топлото време ги измами првите цветови на дрвјата. Расцвета и шумата над Бејбунар каде секојдневно рекреираат голем број граѓани.

Според најавите на метеоролозите и во наредните денови ќе имаме релативно топло време, проследено со врнежи од дожд. Денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во сабота се очекува врнежите да престанат, но веќе во недела се очекуваат нови врнежи од дожд, на места во форма на локално невреме.


Расцвета и шумата над Бејбунар

OhridNews