Со покачување на температурата на воздухот и водата, започна цветањето на алгите во водите на Охридското Езеро.

Службата задолжена за одржување на јавната чистота, при ЈП Комуналец, во рамки на своите секојдневни активности го врши и чистењето на алгите од крајбрежниот појас, околу пристаништето и вдолж градскиот кеј.


– Оваа година покрај вообичаеното подигање на алгите од градското шеталиште и пристаништето, наши вработени се задолжени и со расчистување на алгите од чамец заради полесна пристапност, информираат од ЈП Комуналец.


Ohridnews