Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокот список на ракометари за престојното Светско првенство во Германија и Данска. На првичниот список се наоѓаат 28 ракометари од кои шпанскиот стручњак ќе ги одбере патниците на Мундијалот.

Македонската репрезентација во групата на СП се наоѓа со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. „Црвено жолтите“ мечевите ќе ги започнат со Бахреин, а после следуваат дуелите со Јапонија, Хрватска, Шпанија односно Исланд.

Мундијалот во Германија и Данска започнува на 10 јануари, а ќе трае до 27 јануари.

OhridNews