Единствениот македонски тим во Лигата на шампиони, Вардар претрпе неочекувано висок пораз (32-26) од Висла во првиот осминафинален натпревар.


Поразот од шест голови треба да „радува“ бидејќи „црвено црните“ имаа негатива и од девет голови.

– Направивме премногу грешки во нападот и немавме одговор за нивната висока одбрана. Стратегот на Висла одлично ја имаше анализирано нашата игра и не доведе до очај. Феноменално го отворивме натпреварот, но не успеавме да го задржиме темпото и претрпевме висок пораз. – рече стратегот на Вардар, Раул Гонзалез Гутириез.

Чуварот на мрежата Арпад Штербик неможеше да ги сопре разиграните ракометари на Висла кои повеќе ја посакуваа победата.

– Во првиот дел држевме некоја стабилност, водевме на стартот и ништо не наговестуваше дека ќе одигра во вториот дел катастрофално. После овој пораз треба да бидиме задоволни што не е повеќе, а од друга страна треба да не загрижува игравме под нашето ниво. – потенцираше голманот.

Мх.П.