Ракометарите на Вардар не успеаја во обидот да го одбранат трофејот во СЕХА лигата претрпувајќи пораз во полуфиналето од Брест Мешков (32-28).
– Воопшто не се снаоѓавме во нападот, а во одбраната игравме многу лошо. Немавме одбрана за нивниот пивот, кој се „шеташе“ по линијата од шест метри. Едноставно мора да признаеме дека Бест Мешков беше подобар од нас и заслужено ќе се бори за медалот во финалето. – потенцираше шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез.
Тимот на Брест Мешков покажа одлучност, но не покажа респект во дуелот со „црвени црните“ во полуфиналето.
– Ја искористивме нивната ситуација, која им настана со исцрпувачките мечеви во Лигата на Шампиони и успеавме да ги победиме. – рече тренерот на Брест Мешков.
Ohridnews