Македонскиот ракометен првак Вардар во голем стил им се врати на победите во Лигата на Шампиони совладувајќи го Колдинг со високи 34-24.


Разбранетиот Арпад Штербик и ефикасниот напад уште на стартот им стави до знаење на данците што ги очекува во Скопје.

– Доброто отварање на мечот ни го трасираше патот од планираната победа. Многу е важно против послаб противник да го почнеш мечот фуриозно за да му ги скратиш крилата. Ние одговоривме многу добро после трите порази и многу ми е драго што навивачите ги израдувавме по пауза од три мечеви. – рече шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез.

Вардар натпреварите во ЛШ ќе ги продолжи следната година против Рајн Некар Ловен, а зимата ќе ја поминат при врвот на табелата.

ЛШ : „Црвено црните“ со камата му вратија на Колдинг

Ohridnews