Македонскиот ракометен првак Вардар ремизираше (30-30) со Висла во Плок во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ имаа шанса да се вратат и со многу по поволен резултатот, но испуштија предност од четири погодоци во финишот од мечот.
– Мислам дека завршивме добра работа овде. И двата тима играа многу добро, особено во нападот. Првото полувреме ѝ припадна на Висла, а ние имавме некои грешки во одбраната, а во нападот не бевме лоши. Во вториот дел работите се сменија за нас зашто нашата одбрана беше подобра, поцврста, Арпад Штербик беше подобар отколку во првото полувреме, потоа почнавме да реализираме и контри и имавме четири гола предност на пет минути до крајот, но противничките играчи многу се бореа до крајот и успеаја да изедначат. Овде е тешко да се игра и затоа за нас ова е добар резултат, сега ќе играме во Скопје. Ова беше само прво полувреме, ќе видиме како ќе биде на второто, но ќе биде тешко. – рече шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез.
Хрватскиот интернационалец во составот на Вардар, Лука Циндриќ кој постигна пет голови додаде. – Знаевме дека не чека тежок меч. Направивме некои грешки што не требаше, Висла не стигна и беше реми. Ни престои мечот во Скопје и верувам тоа ќе се подобриме.
Реваншот во Јане Сандански се игра следната сабота на 26 март во 18 часот.
OhridNews