Раул Гонзалес со титула во америчката МЛС лига ја заврши својата професионална кариера и замина онаму каде што припаѓа меѓу фудбалски легенди.
Тимот на Њујорк Космос со 3-2 ја совлада екипата на Отава во финалето и стигна до седмата титула вкупно, втора во последните три години.
– Пред три месеци одлучив да ја завршам кариерата, а на ваков начин не очекував. Време да се одморам. Горд сум на што се имам направено во и за фудбалот. Почнувам нов живот малку тажен, но и среќен. – рече Раул.
Шпанскиот репрезентативец настапуваше за Реал Мадрид, Шалке и Ал Сад, но секој фудбалски вљубеник ги памети неговите голови за кралскиот клуб.
Ohridnews











